УГД Живот

„Гордеjте се со својата професија која може да се стекне само со упорна и макотрпна работа, со одрекување, неспани ноќи и со повеќегодишно континуирано посакување на онаа што сакате да бидете во животот. Се прават најразновидни напори да се омаловажат универзитетските дипломи, стекнатото знаење, стекнатата професија. Имајте на ум дека вие и само вие сте чувари на достоинството на вашата професија“ – им порача ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, на студентите на свеченоста по повод првиот академски час во учебната 2017/2018 година.

Свечениот прв академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за академската 2017/2018 година ќе се одржи во понеделник – 18 септември 2017 година, со почеток во 11 часот, во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Размена на студенти и на наставнички кадар е стартната основа на соработката која со потпишување на Договор ја воспоставија Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за транспорт „Тодор Каблешков“ во Софија, Р.Бугарија.

Уписите на УГД влегуваат во завршна фаза и Универзитетот им се заблагодарува на сите студенти кои го избраа УГД. Станува збор за близу 1.800 студенти, имајќи предвид дека во следните денови, сѐ до 15 септември, ќе трае можноста за запишување на факултетите каде што има слободни места и уште е во тек запишувањето и на студентите од странство, ова нема да биде конечната бројка.

Наставните центри на Универзитетот „Гоце Делчев“ се подготвени за почетокот на новата академска година, како и за третиот уписен рок, кој ќе се реализира на 4 и 5 септември во Штип, како и во наставните центри во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Виница и во Пробиштип.

Универзитетот „Гоце Делчев“ го реализира и вториот уписен рок, во кој паралелно се врши и запишувањето на студентите кои се примени во првиот уписен рок. Најголем дел од пријавените кандидати ја завршуваат последната фаза од запишувањето, над 80% се запишале. УГД ќе остане отворен за сите оние кандидати кои нема да успеат да завршат со запишувањето и не завршиле со финансиските уплати во овие два дена, со цел да им излезе во пресрет на оние студенти кои во моментот имаат финансиски проблеми.

Деветта година по ред успешно се реализира соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот медицински универзитет во Самара, Русија. Во рамките на оваа соработка, во посета на УГД престојуваат студенти и професори од Самара, кои се сретнаа и со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Страница 57 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…