УГД Живот

Проф. д-р Јерг Елзенбах, директор на компанијата „Дрекселмајер“, денеска одржа предавање пред студентите на Електротехнички факултет при УГД и практично заедно работеа на решавање на реални проблеми. Професорот Елзенбах истакна дека студентите имаат одлично теоретско познавање, но за во производствените капацитет им се потребни способности за решавање на проблемите кои се стекнуваат со практични вежби. Елзенбах вели преку овие предавања ќе се обучуваат студентите оперативно да ги применат знаењата кои ги имаат.

Студентите на студиската програма Новинарство, како и студентите на Правниот факултет, имаа можност да се запознаат со работата на Советот за етика во медиумите во Македонија. Претставници на СЕММ беа во посета на УГД, при што го промовираа принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Со многу активности за запознавање со корејската култура, традиција, храна и обичаи започна Корејскиот камп на УГД. Кампот се одржува во Мултимедијалниот центар на УГД, а ќе трае два дена.

По повод 20 септември - меѓународниот ден на универзитетски спорт се одржаа натпревари во шах и стрелаштво во организација на Универзитетската федерација на Македонија, каде што учествуваа и студенти на УГД.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот, Министерството за економија им додели признанија на најуспешните претставници од туристичкиот сектор.

Факултетот за образовни науки при УГД – Штип и Академијата за психологија при автономното образовно тело за високо образование  „Јужен федерален универзитет“ во Ростов, Русија, во иднина ќе остварат интензивна соработка.

Претставник од Центарот за меѓууниверзитетска соработка на Стопанската академија „Димитар Апостолов Ценов“ деновиве е во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Мартина Ѓорѓиева од Академијата во Свиштов, Бугарија, вели дека целта на посетата е воспоставување на соработка меѓу двата универзитети.

Страница 75 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…