УГД Живот

Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика викендов од 25 до 27 ноември 2016 година учествуваа на третиот Интернацинонален конгрес на студенти на туризам и хотелски менаџмент, кој се одржа во Нови Сад, Р.Србија. Освен официјалниот дел, студентите имаа можност да ги разгледаат и знаменитостите на Нови Сад и туристичките капацитети.

Со предавање на тема „Нова технологија во информатичката област“ започна и практично да се остварува соработката помеѓу Факултетот за информатика и фирмата „Космик девелопмент“.

Факултетот за медицински науки организира обуки за студентите од студските програми на додипломските и стручните студии, со кои студентите ќе добијат знаења од реанимација, реагирање во итни ситуации, давање на прва медицинска помош и др.

Твининг проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ во рамките на Министерството за образование и наука организира три еднодневни работилници за кариерни центри во текот на следната недела во Штип (вторник, 29 ноември), Скопје (среда, 30 ноември) и во Битола (четврток, 1 декември).

Во изминатиот период на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, во рамки на предметите Претприемништво и Сметководство, се одржа предавање на тема „Законска регулатива за извршување на сметководство и спроведување на ревизија во Република Македонија“  од страна на м-р Ивана Петрова и предавач Здравко Петров - основач и управител на Друштвото за ревизија и консалтинг „Трио консалтинг” ДОО Гевгелија. Предавањето е во организација на предметниот професор доц. д-р Марија Магдинчева-Шопова.

Амбасадорите на Франција и на Египет денеска беа во посебни посети кај ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и разговараа за можната соработка меѓу УГД и овие институции.

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние, истакна дека тие планираат соработка во делот на изучување на францускиот јазик и култура, но и во размена на студенти меѓу двете држави.

Со цел да се интензивира соработката меѓу Факултетот по педагогија при Универзитетот „Неофит Рилски“ во Благоевград, Р. Бугарија, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржa тркалезна маса на тема „Професионален и кариерен развој на учителите, директорите и останатите педагошки специјалисти“ во која учествуваа по седум професори и асистенти од двата факултети. Како претставници на ФОН на тркалезната маса учествуваа проф. д-р Соња Петровска, како и проф. д-р Блажо Китанов, Никола Смилков, Стеван Алексоски, Снежана Ј. Митковска, Снежана Мирасчиева, Емилија П.Ѓорѓева, Кирил Барбареев, доц. д-р Деспина Сивеска и ас. док. Јадранка Рунчева.

Страница 72 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…