УГД Живот

Традицијата оживеа во амбиентот на Музејот во Штип, преку мултимедијален настан кој ги прикажа социјалните аспекти на женските носии од етничкиот предел Долни Полог. Автор на ревијата „Традицијата оживува“ е студентот на Музичката академија при УГД Бојан Петковски, кој покрај презентацијата на народни носии што се носеле во овој регион, преку мултимедијален музичко-актерски израз го долови и начинот на живот во минатото, преку приказна за тоа која носија во која пригода се носела – за веселби, за тажачки...

Од 11 до 13 ноември 2016 година, во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа деветтото Стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини „Подекс – повекс“. Организатор на ова советување е Здружението на рударски и геолошки инженери на Република Македонија, а коорганизатор Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Факултетот за природни и технички науки. На советувањето беа презентирани новите техничко-технолошки достигнувања и остварените производни резултати во подземната и површинската експлоатација на корисни минерални суровини, беше направен реален пресек на состојбите во подземните рудници за производство на олово и цинк и други минерални суровини, реален пресек на состојбите во површинските рудници за производство на бакар и други металични и неметалични минерални суровини, а беа дадени и основните насоки и перспективи за понатамошен развој на технологиите за подземно и површинско откопување на минералните суровини.

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ и компанијата „Космик девелопмент“ - Скопје остварија првични контакти, кои треба да резултираат со потпишување на меморандум за соработка, од кој корист би требало да имаат и студентите и факултетот.

Американската амбасада во РМ преку своите програми од сферата на образованието им нуди одлични можностите на студентите и средношколците во Република  Македонија дел од својот образовен процес да го реализираат во САД. Дел од тие можности пред заинтересираните студенти и средношколци презентираше Газменд Илјази, одговорен за образование, кој изјави дека интересот за овие програми, посебно за Фулбрајт програмата, е најголем токму од студентите и од средношколците:

Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика се покажаа како одлични организатори на Интернационалната конференција за туризам – култура, гастрономија, вино, алтернативни форми на туризам.

Проф. д-р Брик Лендс, ортопед од САД, денес одржа предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД. Д-р Лендс истакна дека денешното предавање е од областа на медицината и дека знаењето што го поседуваат студентите е на задоволително ниво.

Неделата на германски филм беше свечено отворена вчеравечер во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип. Неделата ја отвори раководителката на Одделот за култура и образование во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, Хелга Тајпел.

Страница 73 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…