УГД Живот
Во пресрет на столетието на хрватско-македонската минералогија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Хрватскиот природонаучен музеј организираат изложба со наслов „Македонија низ искуствата на загрепската минералошка школа“.
Во завршна фаза се подготовките за Корејскиот камп за студенти и млади луѓе, кој на 28 и 29 септември го организираат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Глобалната младинска организација „International Youth Fellowship“.
Започна новата академска година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Свеченоста по повод првиот академски час се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а на неа, покрај новите студенти на УГД, присуствуваа и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, и првиот ректор на УГД, проф. д-р Саша Митрев.
Студенти на новинарство од Универзитетот „Гоце Делчев“ учествуваа на двомесечен Курс за истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството.
Центарот за односи со јавноста при УГД, преку Универзитетската телевизија „УГД ТВ“ и Универзитетското радио „УГД ФМ“, започна со реализација на проект во кој еднаш месечно ќе реализира интервју со претставници на Универзитетот, со учество на медиумите и новинарите од редакциите во Штип и во регионот.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“ во Њу Мексико иницираа соработка од која бенефит ќе имаат студентите и кадрите на двете високообразовни институции. Ова беше договорено на средбата што ја имаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и ректорот на Универзитетот „Вестерн Њу Мексико“, проф. д-р Џозеф Шепард, која беше организирана со посредство на министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Универзитетот „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на почетокот на студиската година традиционално го организира првиот академски час.