Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

Во организација на Центарот за правни и политички истражувања на Правниот факултет при УГД започна Третата меѓународна научна конференција, овој пат на тема „Општествените промени во глобалниот свет“. На Конференцијата ќе учествуваат учесници од повеќе држави, а според деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јован Ананиев, ќе опфаќа неколку секции – право, политика, општество и комуникации.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и заменик-министерот за образование, Спиро Ристоски, денеска го посетија новиот спортски терен лоциран во универзитетскиот спортски комплекс, каде што е лоцирана Спортската сала „Јордан Мијалков“. Станува збор за инвестиција на УГД со која на студентите им се става на располагање повеќенаменско спортско игралиште, со покриени трибини и осветлување за организирање на натпревари во вечерните часови.

Вкупно 45 студенти од правните факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово учествуваа на првата Летна школа по кривично право и човекови права.

Десетина студенти предводени од професори традиционално во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Станува збор за студенти од Медицинскиот факултет во Самара, Русија, со кого УГД долги години има соработка и разменува студенти. Тие денес беа примени од ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, при што разговараа за соработката меѓу двата универзитета и идните планови.

Продолжуваат уписите на сите факултети и академии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Според зборовите на проректорот за настава на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев, бројките се задоволителни. Досега близу 1.300 кандидати во првите два дена ги поднеле своите документи и пројавиле интерес да бидат дел од УГД.

Околу 1.000 пријавени кандидати во првиот ден од првиот уписен рок на сите факултети и академии на УГД. Проректорот за настава на УГД доц. д-р Кирил Барбареев изјави дека бројките на студенти и уписите течат според планираното.

Во пресрет на првиот уписен рок за запишување на студенти во академската 2016/2017 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на промотивен настан, кој го организираше Советот на млади – Кавадарци.

Страница 77 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…