Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

УГД Живот

„Универзитетот има одговорност и обврска да ја поддржи и поттикне образовната култура заснована на принципите на интегрирање на највисоките етички стандарди, академската слобода и автономија“, вели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев во интервјуто кое е објавено во најновиот број на весникот „Матурант“.

Кошаркарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска го отвори првиот Камп за млади кој ќе се одржува четири дена во Штип. Голем број на млади луѓе се вклучени во овој камп со цел да ги учат вештините на кошарката од едни од најдобрите тренери и кошаркари во Македонија.

На Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип започна Меѓународна научна конференција насловена „Климентовото дело“. Со одржувањето на оваа конференција, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Филолошкиот факултет се вклучија во одбележувањето на јубилејот - 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски.

Со заокружувањето на уште една академска година и во пресрет на уписите за наредната 2016/2017 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на еден технолошки современ и креативен начин, во педесетина секунди, ги нуди можностите за сите оние кои ќе се одлучат својата иднина да ја препознаат токму на УГД. Станува збор за видеоспот кој нуди јасна презентација на којашто можат да се видат сите можности и условите во кои студираат актуелните студенти или на каков начин ќе студираат оние кои годинава ќе се одлучат да станат дел од овој Универзитет.

Универзитетот „Гоце Делчев“ потпиша договори за соработка со две значајни организации во Македонија, со кои ќе се започнат интензивни соработки кои ќе бидат од голем бенефит за студентите. Станува збор за соработки со Центарот за развој на Источен плански регион и Стопанската комора на Македонија. Од соработката со Стопанската комора на Македонија ќе произлезе полесна адаптација на студиските програми на пазарот на труд.

Штипското семејство Караѓозови донираше свој имот – куќа во штипско Ново Село на Универзитетот „Гоце Делчев“. Договорот за подарување на куќата го потпишаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и сопственичката на куќата, г-ѓа Катерина Караѓозова.
Ректорот Боев по потпишувањето на Договорот изјави:

Повеќе од 50 наслови на руска литература денеска беа донирани на Филолошкиот факултет при УГД. Претставници од Универзитетот во Воронеж истакнаа дека овие изданија би можеле да се користат во наставата.

Страница 79 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…