УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за Еразмус плус програмата за мобилност и обуки за 2017 година. Конкурсот се однесува за мобилноста како на студентите, така и за наставничкиот кадар.

Предавање и презентација на тема „EU Funding Opportunities and Networking: Project proposals and Management” пред вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип одржа проф. д-р Грегорис Макридес од Универзитетот во Никозија – Кипар. Проф. д-р Макридес е претседател на Европската асоцијација на Еразмус координатори и на Европската канцеларија за кариера.

Во рамките на хуманитарната акција „Мала радост“ Универзитетот „Гоце Делчев“ денес ги донираше собраните средства за хигиена на Државното средно училиште „Искра“ во Штип.  Акцијата е втора по ред и оваа година беше исклучително успешна.

Инспиративни говори за учителската професија беа искажани денеска од страна на актуелни учители, но и од студенти кои избрале да се образуваат за оваа професија. Со овој настан под мотото „Учителите го менуваат светот“, Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип најавува започнување на една традиција, настан кој ќе се организира и понатаму секоја година, со цел да се популаризира учителската професија и да се слушнат различни искуства и размислувања.

Во своето предновогодишно интервју ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев истакна дека Универзитетот ќе се залага да се отвора кон младите луѓе, да прима нови и млади кадри.

Познатиот џез музичар Душко Гојковиќ од Србија неодамна го доби признанието почесен доктор на науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во Домот на АРМ во Скопје му беше доделена диплома за почесен доктор на науки од областа на џез музиката од страна на ректорот на УГД и деканот на Музичката академија.

Универзитетот „Гоце Делчев“ доби признание за најдобри практики во однос на реализација на програмата Еразмус +. УГД во тактот на 2016 година е еден од најуспешните универзитети во реализација на сите доделени апликации. Голем број студенти од УГД заминуваат на Еразмус и таа бројка секоја година се зголемува.

Страница 69 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…