УГД Живот

Професори од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваа на обука за управување со туристички дестинации. Обуката се одржа на 10 и 11 февруари 2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Во рамките на Еразмус + програмата, како дел од проектот „Развој на ООР и мешовити модули за земјоделство и рурален развој“, во периодот од 30 јануари до 3 февруари во Медитеранскиот институт во Ханија, Грција, се одржа втората предвидена обука за партнерите од Грција.

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Клубот на оратори „Rostra vetera” го најавуваат новото издание на манифестацијата „Ораторска вечер“.

Твининг проект „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ се реализира на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во саботата, 4 февруари, беше одбележана 145-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со полагање на цвеќе пред спомен-релјефот на големиот македонски револуционер кај Ректоратот на УГД. Почит на Делчев од име на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип му искажаа ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.

Студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ се најде меѓу деветтемина лауреати на општинското признание на Кавадарци. Станува збор за Билјана Костова, која минатата година дипломира со просек 9 на Земјоделскиот факултет при УГД, на насоката Лозарство, во Наставниот центар во Кавадарци.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, оствари средба со aмбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, неговата екселенција проф. д-р Милан Јазбец. Амбасадорот Јазбец од страна на рекорот Боев беше запознат со Универзитетот „Гоце Делчев“, како појдовна основа за остварување на соработка со високообразовни установи и институции од Словенија:

Страница 68 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…