УГД Живот

Студентите од трета година на Земјоделски факултет, под менторство на проф. д-р Саша Митрев и доц. д-р Емилија Костадиновска, на 13 мај беа на теренска настава на овоштарник (вишни) со цел одблизу да го видат начинот на заштита на растенијата од патогените промени и штетниците кои се јавуваат кај растенијата.

Дел од студентите во трета и четврта година на Земјоделски факултет во наставните центри Штип и Струмица, заедно со проф. д-р Верица Илиева, проф. д-р Драгица Спасова и проф. д-р Мите Илиевски, минатата недела го посетија Земјоделскиот институт во Карнобат, Р. Бугарија.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општина Гази Баба ја интензивираат својата соработка, за што денеска во Ректоратот на УГД ректорот, проф. д-р Блажо Боев, и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, потпишаа Меморандум за соработка. Соработката беше на високо ниво и досега, со оглед на тоа што кампусот на УГД во Скопје е на територијата на Општина Гази Баба, но сега Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со општината ќе работат на изработка на Стратегијата за туризам.

Познатото трио „Grazioso“, во состав м-р Кристина Палија (сопран), д-р Невенка Трајкова (пијано) и Менка Богоевска (виолина), по настапите низ Словенија, Австрија, Шпанија и Бугарија, неодамна ја претставија Р. Македонија и на турнеја на сцените низ Мароко. Тие се први претставници од областа на културата кои настапиле на сцените низ Мароко, ни соопштија од Амбасадата на Мароко во Софија.

Последен факултет од серијалот разговори со деканите и продеканите на факултетите, ви го претставуваме разговорот со продеканката на Ликовната академија при УГД доц. м-р Јана Јакимовска.

„Распадот на Југославија – 25 години подоцна“ беше темата на трибината која ја организираше Центарот за правно – политички истражувања на Правниот факултет на УГД. На трибината, пред студентите на Правниот факултет говореа доц. д-р Дејан Маролов, проф. д-р Тодор Чепрганов и проф. д-р Страшко Стојановски од Правниот факултет при УГД, како и проф. д-р Славејко Сасајковски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања од Скопје.

Во рамките на посетата на унгарскиот амбасадор во Република Македонија, на Универзитетот „Гоце Делчев“ беше договорена соработка меѓу некои универзитети во Унгарија и УГД. Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јозеф Бенце, го посети Универзитетот во придружба со градоначалникот на општината Ѓунѓуш (Унгарија), Горѓи Хиеж, и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Страница 82 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…