УГД Живот

Економскиот факултет при УГД – Штип, во соработка со Високата бизнис школа на Универзитетот во ОМСК, Руска Федерација, организираат Меѓународна конференција на тема „Менаџирање на развојот на економските и регионалните системи – евроазиска перспектива“. Оваа конференција се организира по шести пат, а темите на трудовите кои се презентираат на неа се поврзани со геоекономиката и геополитиката на просторот на Евроазија, технологијата на бизнис едукацијата во Евроазија и проекти и програми за развој на регионалните економски системи во евроазискиот простор.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Високата бизнис школа на Државниот педагошки универзитет во Омск, Русија, потпишаа Договор за соработка. Договорот го потпишаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и директорот на Високата бизнис школа во ОМСК, Власов Роман Генадиевич.

На 23 и 24 јуни 2016 година на Филолошкиот факултет и Факултетот за образовни науки при УГД ќе се одржи Меѓународна научна конференција со наслов „Климентовото дело (јазик, литература, образование, култура)“.

„Појавата и развојот на неолитскиот живот во интракарпатскиот регион. Културна и хронолошка рамка“ е насловот на предавањето на професорот Михаи Глигор од Романија. Професорот Глигор одржа предавање пред студентите на Факултетот за образовни науки од студиската програма Историја и археологија.

На 26 мај (четврток) во свечената сала на Кампус 2 ќе се организира Корејски ден (Korean day).

Во четврток, 26 мај, Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ ќе го одржи Годишниот концерт. Годинава на завршниот концерт ќе се претстави Одделот за етнохармоника, предводен од проф. д-р Илчо Јованов, а на концертот ќе настапат студентите Марјан Бошковски, Мартин Бошковски, Благој Глушков, Виктор Ристовски, Трајче Јанев, Мартин Василев, придружувани од Никола Дафов на контрабас, Ристе Бунаров на гитара, Тони Наумов на пијано, Иван Манев и Гоце Чолески на ударни инструменти. На програмата ќе бидат дела од Илчо Јованов, Кочо Петровски, Милан Завков, Иван Терзиев и Благоја Дескоски.

Одбојкарките на ОК „УГД“ го освоија третото место во кадетска конкуренција во Одбојкарското првенство на Македонија. На Фајнал фор турнирот, кој се одржа во Битола, одбојкарките на УГД во натпреварот за третото место беа поуспешни од фаворизираниот состав на „Јанта волеј“, совладувајќи го со 2:1 во сетови. Претходно, во полуфиналето студентките загубија од „Наковски волеј“, екипа која ја освои титулата, победувајќи ја во финалето екипата на домаќинот на Фајнал фор турнирот, „Пелистер“ од Битола.

Страница 81 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…