УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ денес се приклучи во одбележувањето на 4 мај, денот на смртта на револуционерот Гоце Делчев. Одбележувањето се случи со панихида во црквата во Ново Село, со пригодна реч и положување на цвеќе на спомен-релјефот на Гоце Делчев.

Амбасадорот на САД во Р. Македонија, н.е. Џес Бејли, денеска престојуваше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. За време на посетата, амбасадорот Бејли се сретна со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и проректорите проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Кирил Барбареев. По средбата, н.е. амбасадорот Џес Бејли изјави дека е задоволен што денеска е на Универзитетот „Гоце Делчев“:

„И животот е сексуално пренослив“ е насловот на најновата книга на проф. д-р Вело Марковски, специјалист инфектолог, кој е вработен на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Според проф. д-р Марковски, сексуално преносливите заболувања се многу чести инфекции со огромни последици за здравјето на човекот од една страна, но и големите економски трошоци за лекување на овие болести и нивните импликации, кои секако оставаат сериозни последици и врз психолошката состојба и емоционалниот и социјалниот живот на заболениот.

Во рамките на соработката која веќе три години ја имаат Земјоделскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Институтот за полјоделие и градинарство од Нови Сад, Србија, пред студентите на Земјоделскиот факултет во Штип предавање одржа проф. Д-р Јовица Васин, визитинг професор на УГД. Проф. Д-р Васин, кој е раководител на Лабораторијата за земјиште и агроекологија при Институтот за полјоделство и градинарство во Нови Сад ја ситакна одличната соработка која ја имаат двете институции од Македонија и Србија:

Во серијалот разговори со деканите и продеканите на факултетите при УГД разговаравме со деканката на Технолошко-техничкиот факултет проф. д-р Винета Сребренковска. Деканката истакна дека овој факултет сите свои студиски програми ги приспособува на пазарот на трудот, односно на текстилната индустрија. Факултетот развива квалитетен однос со индустријата и секогаш се труди на студентите да им овозможи максимална практична настава. Секогаш се организираат различни настани во интерес на студентите.

Факултетот за туризам и бизнис логистика по осми пат во Гевгелија ја одржа традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Изложбата се одржа во Хотел „Аполонија“, каде што  учествуваа студентите на ФТБЛ, а ја проследија и голем број граѓани на Гевгелија.

Студентите - спортисти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип заминаа на спортска Универзијада која се одржува од 26 до 30 април во Антверпен, Белгија. Пред да заминат за Белгија студентите имаа средба со проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев. На Универзијадата заминаа 16 студенти, кои ќе се натпреваруваат во одбојка во женска конкуренција и во мал фудбал во машка конкуренција.

Страница 84 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…