УГД Живот

Денот на Европа - 9 мај беше одбележан на Универзитетот „Гоце Делчев“, со промоција на изданијата на Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет. Беа промовирани книгите „Од милет до нација, создавање на нациите и национализмите на Балканот“ од проф. д-р Страшко Стојановски, чиј промотор беше проф. д-р Марија Ташева, „Односот меѓу вредностите и политиките на Европската унија низ призмата на нејзината надворешна политика“ од доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, промотор доц. д-р Олга Кошевалиска, и книгата „Зошто идеологијата е важна“ од група автори, како и зборниците од Првата и Втората меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, кои во 2014 и 2015 година се одржаа на Правниот факултет, чиј промотор беше деканот на Правниот факултет проф. д-р Јован Ананиев.

Минатата недела во СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Димитар Влахов“ и СОУ „Никола Карев“ во Струмица беа презентирани студиските програми на Земјоделски факултет за претстојната академска 2016/2017 година.

„Од идеја до реализација – патот до успехот“ е темата на предавањето кое во четвртокот (5.5.2016 година) пред студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика го одржа Игор Христов, гостин-предавач од пракса. Негов домаќин од ФТБЛ беше доц. д-р Никола Цуцулески, кој на факултетот го предава предметот Информатички системи во угостителството и туризмот. Господинот Христов е извршен директор на компанијата „4Виртус“, која се занимава со изработка на софтвер од повеќе области, меѓу кои и туризмот.

Студентите од насоката Бизнис администрација на Факултетот за туризам и бизнис логистика имаа можност да проследат предавање од Бојан Иванов, главен технички директор и соосновач на дигиталната агенција #Different. Темата на предавањето беше „E-commerce behind the scenes“, а истото се одржа на 3 мај во склоп со наставната програма по предметот Е-бизнис.

Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип и Државниот универзитет во Тетово, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, распишуваат Повик за учество на Летната школа за човекови права и кривично право.

Главна цел на школата е да се зголеми знаењето на студентите во областа на човековите права и кривичното право, како и нивно обучување за справување со предизвиците во овие области како идни правни практичари. Школата воедно се стреми да ја подигне свеста на учесниците за појавите и ефектите од дискриминацијата, говорот на омраза и криминалот од омраза, како и за користа од етничката, јазичната и религиозната различност за општеството.

Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли во интервју за Универзитетското радио и телевизија зборуваше за можностите што ги нуди Амбасадата на САД во Р. Македонија за македонските студенти, за стипендиите, но и за обуките со кои можат да се збогатат младите луѓе во Македонија.

Студентите од трета и четврта година на Електротехнички факултет, во склоп на реализацијата на практичната настава, во периодот од 20 до 23 aприл ја посетија компанијата „Кончар“ во Загреб. Станува збор за компанија основана во далечната 1921 година со високо реноме и речиси 100-годишна традиција. Основна дејност на компанијата е производство на опрема и постројки за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и инженерски услови по принцип „клуч на рака“ од областа на електроенергетиката. При оваа дводневна посета студентите беа предводени од професорите д-р Влатко Чингоски и д-р Сашо Гелев и асистентите м-р Билјана Читкушева-Димитровска и м-р Маја Кукушева-Панева.

Страница 83 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…