УГД Живот

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со претставување на постигнувањата на студентите од различни оддели и насоки на Академијата, преку завршни концерти.

Роберта Костадиновска и Николина Лукароска се студентки на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип на кои им беше доделена стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена). Оваа стипендија ќе им овозможи на студентките да посетуваат јазичен курс во Германија во времетраење од еден месец. Тие имаа можност сами да го изберат курсот и универзитетот, па така студентката Роберта Костадиновска се одлучи за Слободниот универзитет во Берлин (Freie Universität Berlin), додека, пак, студентката Николина Лукароска ја одбра Рајнско-Вестфалиската техничка виша школа при Универзитетот во Ахен.

По првпат, а со намера да стане традиција, студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД се натпреваруваа помеѓу себе во категориите готвење и ресторанско работење.

Трио „Академико“, во кое настапуваат професорите од Музичката академија проф. м-р Златка Митева – флејта и проф. д-р Бранко Павловски – кларинет и професорката од Филмската академија доц. м-р Наташа Трбојевиќ – пијано на 26 мај се претставија пред многубројната публика во концертната сала „Даворин Јенко“ во Белград.

На 28 мај Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип  организираше Научно-стручна конференција на тема „Состојби и перспективи во туризмот, економијата и бизнис логистиката во Република Македонија“, која се одржа во просториите на Кампус 4.

Уметничката пролет на УГД заврши со спектакуларниот концерт на Васил Хаџиманов бенд. Во преполната сала на Мултимедијалниот центар викендов се слушаа звуците на модификуваниот џез ритам на извонредниот пијанист Васил Хаџиманов, следен од неговите колеги од овој бенд – Мирослав, Бојан, Бранко и Предраг. Примарно беше промовиран последниот албум на Васил Хаџиманов бенд, шести по ред, под наслов „Alive“, но и постари композиции. Публиката беше и повеќе од задоволна. По завршувањето на концертот публиката имаше можност неформално да се дружи со целиот бенд и да добие автограм на најновиот албум на Хаџиманов бенд.

Одлична сезона за одбојкарките на ОК „УГД“ – во сите конкуренции се најдоа на врвот! Потврдата за одличната сезона стигна во неделата (29 мај), кога на Фајнал фор турнирот во младинска конкуренција младинките на ОК „УГД“ триумфираа и го освоија првото место во државата. Финалниот турнир се одржа во Универзитетската спортска сала „Јордан Мијалков“, во одлична организација на УГД.

Страница 80 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…