УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Агенцијата за цивилно воздухопловство воспоставија соработка која во најголем дел ќе биде корисна за студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика. Меморандумот за соработка го потпишаа проф. д-р Блажо Боев, ректор на УГД и Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Факултетот за туризам и бизнис логистика на 5 април (вторник) се претстави со презентација пред учениците од четврта година во Средното туристичко-угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.

Денес се одржа предавање на тема „Како се креираше македонскиот бренд Сињори на македонскиот и на европскиот пазар“ пред студентите од втора година на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Наставен центар - Скопје.

Филолошкиот факултет организира работилница на тема „Актуелната состојба со судскиот превод во Македонија“. Работилницата е на 11 април 2016 година (понеделник), со почеток во 11 часот, во Амфитеатарот на Кампус 4. Покрај УГД организатор на настанот е и Здружението на преведувачи на Република Македонија.

Минатата недела во работна посета на Факултетот за туризам и бизнис логистика престојуваше проф. д-р Назмие Ердоган од Универзитетот „Башкент“ во Анкара, Турција. При средбата со деканот проф. д-р Никола Димитров и продеканот за настава доц. д-р Дејан Методијески се разговараше за можностите за идна соработка. Воедно, професорката Ердоган имаше свое предавање пред студентите од ФТБЛ на тема „Одржливост на туризмот“.

Студентите од УГД кои преку  програмата Еразмус престојуваат на други универзитети надвор од државата, заедно со студенти од Европа кои преку истата програма престојуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имаа заедничка средба на која разменија искуства за својот престој во средините во кои реализираа еден семестар од наставата. Оваа средба беше во организација на Центарот за меѓууниверзитетска соработка. Раководителот на Центарот м-р Сања Стефанова најави и следни активности во рамките на програмата Еразмус плус:

Деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика проф. д-р Никола Димитров беше дел од серијалот гостувања на деканите и продеканите на Универзитетската телевизија и Универзитетското радио „УГД ФМ“. Во разговорот со деканот дознавме многу за овој факултет и за можностите што ги нуди ФТБЛ.

Страница 87 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…