УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и оваа година организира универзитетски спортски лиги во кои учествуваат студентите.

Средношколците – матуранти од Средното медицинско училиште „Јане Сандански ја посетија Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која е во состав на Земјоделскиот факултет на УГД. Целта на посетата беше матурантите да се запознаат со условите кои ги нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за настава и научно истражувачка дејност.

Во насока на зголемување на ефективноста, ефикасноста и софистицирање на студентските сервиси во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како и спроведување на стратегијата на Универзитетот за воведување на иновации и креативност во процесот на студирање, се известуваат сите студенти на прв циклус студии дека од 17 февруари 2016 година е пуштен во функција нов сервис за реализирање на финансиски плаќања преку терминали за сите видови на надоместоци што студентите ги реализираат кон Универзитетот.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Велосипедската федерација на Македонија ќе организира велосипедска трка под мотото „Со велосипед на факултет“. Трката е наменета за рекреативци и лиценцирани натпреварувачи, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓани.

Интензивна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ со сродни установи и институции од Русија, како и стипендии за нашите студенти – тоа е најавата од средбата што се одржа помеѓу ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и н.е. Олег Шчербак, амбасадор на Руска Федерација во Р.Македонија.  Амбасадорот Шчербак изјави дека Русија и Македонија се две држави кои имаат многу тесни и цврсти врски на повеќевековно пријателство и соработка.

Група студенти од УГД во изминатиот период присуствуваа на настава и обука по скијање во скијачкиот центар Малиовица, на планината Рила во Бугарија. Обуката на студентите се изведува во групи зависно од степенот на познавање на скијачката техника, а групите ги раководат искусни ски-инструктори.

Во рамките на проектот SOE DAAD from Molecules to Functionalized Materials, во кој партнерски универзитет е и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, оваа година им беа доделени т.н. sur-place стипендии на тројца студенти од Факултетот за медицински науки и тоа: Дарко Бислимовски и Дејан Соколоски од насоката Општа медицина и Милкица Јанева од насоката Фармација.

Страница 91 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…