УГД Живот

Проф. д-р Јерг М. Елзенбах стана почесен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Неодамна Ректорската управа донесе Одлука за доделување на звањето почесен професор на економски и социјални науки на проф. д-р Елзенбах.

Студентите од Кина кои неколку месеци престојуваат на студиски престој на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска добија честитка за кинеската Нова година во форма на една мултимедијална презентација што ја организираа Филолошкиот факултет и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Кинеските студенти говореа на македонски јазик, но и на својот кинески јазик ја честитаа Новата година. Со нив, за учење на македонскиот јазик, работи предавач м-р Марија Гркова.

Библиотеката на Филолошкиот факултет повторно се збогатува со нови изданија. Овој пат станува збор за донација на современи македонски изданија од страна на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и заменикот-министерот за образование Спиро Ристовски го означија почетокот на работа на студиото на Универзитетската телевизија „УГД ТВ“. Ректорот Боев истакна дека оваа универзитетска телевизија ќе работи во интерес на сите студенти, во поглед на нивна подобра информираност, од друга страна и подобра презентација на тоа што работат професорите во истражувањето, едукацијата и наукaта:

Во предновогодишно интервју за Универзитетското радио и УГД ТВ, ректорот проф. д-р Блажо Боев истакна дека останува на тоа дека студентите и науката се единствениот вистински пат по кој треба да чекори Универзитетот.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев одржа средба со уредниците на медиумите и дописниците во Штип, најавувајќи дека во наредните години ваквата средба ќе се одржува традиционално пред новогодишните празници, со цел да се разменат мислења за соработката што ја имаат УГД и медиумите.

На традиционалната спортска манифестација „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија машката футсал екипа на Универзитетот „Гоце Делчев“ беше прогласена за најдобра универзитетска екипа за 2015 година.

Страница 93 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…