УГД Живот

Студентите од втора година на Правниот факултет остварија студиска посета на Mисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Најдобриот млад научник за 2014 година, Даниел Денковски, одржа предавање на Електротехничкиот факултет при УГД.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев го прими најдобриот млад научник за 2015 година м-р Даниел Денковски, кој одржа предавање пред студентите од Електротехничкиот факултет.

Студентите на Правниот факултет при УГД ги вкрстија своите аргументи на тема Устав и споредба на уставите на повеќе држави. Дебатата се одржа во просториите на УГД - Кампус во Струмица, каде што активно учествуваа студентите од прва година на Правен факултет под менторство на проф. Светомир Шкариќ.

Хуманоста на прво место ја ставаат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Младинскиот клуб во Штип, со организирање на хуманитарна акција под мотото „Мала радост“ - наменета за децата од Детското одделение при Клиничката болница во Штип, децата од социјално загрозените семејства, како и од Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип, на кои ќе им бидат подарени детски играчки.

Денови на симулирано судење се организираа на Правниот факултет во Штип, по првпат, со намера да станат традиционални и да се одржуваат секоја година во декември, и во иднина да имаат натпреварувачки карактер.

Во рамките на соработката на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Институтот по земјоделие во Карнобат (Бугарија), студентите и стручниот кадар на Земјоделскиот факултет имаа можност да проследат предавање на тема „Влијанието на абиотските фактори (студ и суша) врз развојот, растот и приносот кај житните култури (област физиологија на растенија)“. Предавач беше проф. д-р Драгомир Валчев, директор на Институтот за земјоделие во Карнобат.

Страница 95 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…