УГД Живот
Современото студирање во денешни услови подразбира обезбедување на целосна поддршка за квалитетно стручно и научно образување на сите студенти.
Двајца професори до САД, д-р Лин Ченг и д-р Џејмс Лајт, одржаа предавања пред студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Предавањето е во организација на Факултетот за медицински науки при УГД, а домаќин на докторите специјалисти е Клиничката болница во Штип.
Тројца професори од Србија и од Турција доаѓаат како визитинг професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Професорите ќе држат предавања во рамките на своите области на сите кампуси и на сите студиски програми на Економскиот факултет.
Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во изминатите шест години, од кога датираат почетоците на развојот на студентскиот информативен систем (познат како електронски индекс), посветено и перманентно работи на подобрување на услугите и сервисите кои ваквиот интегриран и централизиран систем им ги нуди на крајните корисници (студенти, наставнички, соработнички и административен кадар) во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на бизнис процесите во рамките на Универзитетот.
Прашањата од значење за јавноста во поглед на работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во фокусот на интересот на новинарите и дописниците од Штип и регионот на брифингот што го одржа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев. Ректорот Боев речиси еден час одговараше на прашањата на новинарите, во духот на транспарентноста и отвореноста кон јавноста на Универзитетот.
Бројот на записи во електронскиот репозиториум на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип надмина 10.000, со што толку голем број на научни трудови, дигитални текстови, презентации, аудио, слики и видеа се достапни на научната јавност од целиот свет.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во рамките на одбележувањето на својот патронат ќе организира велосипедска трка. Трката ќе се одвива во Штип и во околината на Штип, а целта ќе биде да се поттикнат студентите и останатите млади луѓе да употребуваат велосипед како свое превозно средство.