УГД Живот

Акцијата „Мала радост“, што Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со Невладината организација „Младински клуб“ ја започна на почетокот од овој месец, заврши успешно.

За студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ кои дипломираа во текот на 2015 година новогодишните празници донесоа уште една радост – во текот на изминатата недела свечено им беа доделени дипломите. На свечености кои се одржаа на 13 факултети и академии својата промоција ја доживеаја студентите од академските и стручните студии.

Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од 21 до 24 декември одржува Новогодишен концертен хепенинг, на којшто се претставуваат студентите од сите студиски програми и катедри на Академијата.

На 18 декември во НУ Спомен куќа „Тодор Проески“ во Крушево, студентите од Технолошко-технички факултет се претставија со детски креации на хуманитарната акција „Подај рака", а сите детски модели им беа доделени на децата без родители кои се згрижени во повеќе крушевски семејства.

Еден од најдобрите студенти на Музичката академија при УГД - Штип Петре Штерјов беше избран за официјален претставник на УНХЦР со своја песна за кампањата „Земја на сонцето, земја на солидарноста“.

Наставничката која е избрана за една од најдобрите 50 во светски рамки одржа предавање на Факултетот за образовни науки при УГД.

На 12 декември 2015 година, во салата на Мeморијалниот центар „Фондација Никола Кљусев“ се одржа промоција на монографијата „Стела Слејанска-Стојаноска – пропагатор на современиот звук“ од Христо Стојаноски (доцент на Музичката академија при УГД), којашто неодамна ја објави издавачката куќа „Нампрес“.

Страница 94 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…