УГД Живот

Во рамките на соработката што ја имаат воспоставено Универзитетот „Гоце Делчев“ и компанијата „Дрекслмаер“ се одржа предавање за студентите на Електротехнички факултет на тема „Quality Management: QFD (Quality Function Deployment) and FMEA (Failure Mode and Effect Analysis) Quality Assurance Methods“.

Успешните студентски приказни ќе бидат претставени пред јавноста на Денот на македонските студенти. Како дел од одбележувањето на овој ден манифестацијата „Студентски приказни“ за првпат се организира на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во четврток (10 декември) со почеток во 19 часот ќе се одржи премиерна проекција на документарните филмови на студентите на Филмска режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески.

Директорот на германската компанија „Дрекслмајер“, Јорг М. Елзенбах, ќе одржи предавање пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Кампањата „Стави точка на сите форми на насилство врз жени и девојчиња“ го имаше својот ден во Штип, преку трибина која се одржа во конференциската сала на Правниот факултет. Ова е дебата која ја организираат Делегацијата на ЕУ и семејството на ООН, а локален партнер е Инфо клубот од Штип.

На крајот од есенскиот дел од Суперлигата на Македонија за 2015/2016 година, Пингпонгарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ го зазеде првото место. Во текот на целиот дел клубот на УГД заврши на првата позицијата со седум победи, без ниту еден пораз.

Делегацијата на ЕУ и семејството на ООН организираат дебата на тема насилство врз жени и девојчиња. На оваа тема ќе дебатираат Кристина Хаџи-Василева и Милан Живковиќ, а дебатата ќе ја модерира Ана Јовковска.

Страница 96 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…